Monday, 23 November 2009 18:34 Фудбал

Ф.К. Пелистер преку соопштение ја известува фудбалската јавност дека цврсто стои зад одлуката да се бојкотира Првата Македонска Лига...

Пелистер заедно со екипите на Македонија Ѓорче Петров, Слога Југомагнат и Хоризонт Турново ги бојкотираат натпреварите од Првата Македонска Лига бидејќи го сметаат за нерегуларно, нестатутарно и нелегитимно последното собрание на ФФМ на кое Харалампие Хаџи Ристески доби трет мандат.

Прволигашите кои го бојкотираат првенството бараат одржување на ново собрание на ФФМ со легитимни делегати и формирање на здружение на прволигаши и второлигаши кои треба да бидат застапени со најмалку 50% од вкупниот број на парламентарци.

Се појави и веста дека фудбалерите на Пелистер во последен момент се предомислиле и одлучиле да го одиграат натпреварот против Милано, но веќе било доцна.

По ова се доведе во прашање останувањето на Ф.К. Пелистер на страната на оние кои го бојкотираат првенството.

Сепак, преку официјално соопштение битолскиот клуб ги разрашува сите дилеми, тие ќе продолжат со бојкотот се до исполнување на нивните барања.

"Ф.К. Пелистер сака да Ве извести дека одлуката за бојкот на Првата Македонска Лига од страна на нашиот клуб не е повлечена и ќе биде на снага се додека не се исполнат барањата од вчерашното соопштение на Ф.К. Македонија, Ф.К. Слога Југомагнат, Ф.К. Хоризонт Турново и Ф.К. Пелистер".

"Управата на Ф.К. Пелистер и фудбалска Битола нема да подлегне на притисоците и нема да се продаде за услугите што ни ги нудат како награда за продолжување на првенството.".

"ФФМ касно се сети на Битола која немаше делегати на нејзиното квазисобрание и која нема член на управниот одбор на ФФМ".

"Година дена сите контакти на ФФМ и Ф.К. Пелистер се исклучиво преку секретарот Методија Миленковски и на секое известување од наша страна стои потпис и печат на клубот".

"И овој пат ќе Ви потврдиме со потпис и печат дека бојкотот продолжува до остварување на крајната цел" - се вели во официјалното соопштение од Ф.К. Пелистер потпишано од секретарот Методија Миленковски.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...