Sunday, 22 November 2009 18:40 Фудбал

Сер Алекс Фергусон верува дека Бразил е поквалитетна репрезентација од Англија и дека токму тие ќе го освојат следното Светско првенство...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, призна дека тој верува дека Бразил ќе го освои следното Светско Првенство во Јужна Африка, а не Англиската репрезентација на Фабио Капело. Откако без проблеми се квалификуваа на првенството, Англиската репрезентација ќе замине во Јужна Африка со многу самодоверба и со надеж дека ќе станат светски шампиони за прв пат по 1966. година.

Но, зборувајќи за Mail on Sunday, Фергусон стави до знаење кој е негов фаворит.

"Не можам да видам друга репрезентација освен Бразил. Тие ќе бидат репрезентација која ќе биде многу тешко да се победи. Треба само да помислите на фудбалерите што можат да се најдат во репрезентацијата - сите се извонредни играчи."

"Минатата сезона, во Лигата на Шампионите имаше 103 Бразилци и само 15 Англичани. Повеќе Шкотланѓани настапуваа во Лигата на Шампионите отколку Англичани."

Англија загуби од Бразил 1-0 во пријателски натпревар минатата недела и Шкотланѓанецот го потенцираше проблемот на малкуте домашни фудбалери во Лигата на Шампионите како причина за слабиот квалитет.

"Малиот број Англичани во Лигата на Шампионите е резултат на начинот на кој Премиер Лигата се развива. Вечното прашање е во кој период во Премиер Лигата ќе мора да вклучат повеќе Англиски фудбалери. По ова прашање ние сме добри, во однос на млади фудбалери кои допрва ќе настапуваат, но Ливерпул би имале проблеми."

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...