Sunday, 22 November 2009 18:25 Фудбал

Во натпревар со дури седум гола Милан го победи Каљари со 4-3, Рома немаше проблеми против Бари, Наполи и Лацио одиграа без голови...

Голеада на Сан Сиро, Милан го победи Каљари со 4-3.

Натпреварот беше отворен по само пет минути игра, Сидорф му донесе водство на Милан.

Радоста траеше кратко, Матри во 9та израмни на 1-1, а Лазари во 30та минута погоди за комплетен пресврт и водство на Каљари од 2-1.

Бориело во 38та и Пато во 40та минута постигнаа голови за Милан, за нов пресврт и водство на Росоњерите.

Во 62та минута Роналдињо од пенал зголеми на 4-2, а Нене во 69та ги постави конечните 4-3.

Рома немаше проблеми во дуелот со Бари, победи рутинирано со 3-1.

Хет-трик на овој натпревар постигна Франческо Тоти.

Капитенот на Рома стрелаше прецизно во 6та, 14та и 28та минута од натпреварот.

Андреоли во 73та минута си постигна автогол за конечни 3-1.

Наполи не успеа да ја искористи слабата форма на Лацио, натпреварот заврши без голови.

Во дербито на Сицијлија, Палермо и Катанија одиграа без победник 1-1.

Миглиачио во 4та минута носи предност за домаќините, Мартинез во 55та минута го израмни резултот на 1-1.

Сампдорија со 2-1 го победи тимот на Киево.

Поли во 19та и Пацини во 65та минута постигнаа голови за Сампдорија.

Стелец на единствениот погодок за Киево беше Мантовани на десет минути до крајот на натпреварот.

Ливорно на домашен терен ја победи Џенова со 2-1.

Домаќините дојдоа во водство со голот на Лукарели во 21та минута, Крисчито во 63та го израмни резултатот.

Но пред последниот свиреж на судијата, Пулцети постигна гол за победа на Ливорно од 2-1.

Аталанта славеше на гостувањето кај Сиена со 2-0, ова беше и единствениот гостин кој денеска победи во Серија А.

Тирибоки во 52та и Аквафреска во 68та минута беа стрелци за Аталанта.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...