Wednesday, 18 November 2009 17:28 Фудбал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека позитивното размислување е тајната за начинот на кој игра неговиот тим.

Откако Арсен Венгер го превзема кормилото на Арсенал во 1996 година, тимот започна со нов стил на игра, стил кој е убав за око, атрактивен и допадлив за љубителите на фудбалот.

Арсенал има одличен старт на оваа сезона, игра токму таков фудбал, атрактивен постигнувајќи дури 36 погодоци во досегашниот дел, седум повеќе од било кој друг клуб.

Венгер вели дека клучно за успехот е тоа што фудбалерите секогаш се ставаат во можност да ја примат топката.

"За тоа да функционира, фудбалерите мораат да се ставаат секогаш во позиција да ја примат топката и ние го работиме тоа на тренинг" - изјави Венгер за фанцуско радио.

"Тоа е највисокото ниво каде што спортот станува навистина интересен, во пронаоѓање начин како да имате тим во позиција на психолошки комфор кои можат да предлагаат решенија".

"Кога доаѓа до сомнеж, зелените светла почнуваат да светат црвено".

"Затоа што секој играч зазема по некоја спонтана иницијатива, и наеднаш, неверојатно е колку брзо тие светла почнуваат да светат црвено и играчот со топката се наоѓа во незавидна ситуација".

"Сомнежот е клучниот непријател во нашата игра, но, ние мораме во исто време да му даваме на нашиот тим чуство на слобода".

"И на психолошко ниво, треба да им дадеме вкус за храброст, за развој на врските помеѓу нив".

Венгер смета дека клучот е во тоа да се задржат фудбалерите заедно, од минатата сезона како големо и единствено засилување во Арсенал е Вемален, кој се покажа како вистинско откритие во Премиер лигата.

"Кога ќе промените повеќе од тројца фудбалери од натпревар во натпревар, постои технички ризик".

"Балансот на тимот не зависи од само еден фудбалер, но доколку промените три тоа е веќе ризик, не само при играњето на натпреварите, туку и при купувањето нови фудбалери".

"Понекогаш кога фудбалерите се екстремно интелегентни тие многу брзо се адаптираат на новиот систем и можете веднаш да ги користите. Но тоа е многу ретко" - заврши Венгер.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...