Thursday, 12 November 2009 14:09 Фудбал

Европското фудбалско тело започна со креирање на групите кои ќе воведат поголема транспарентност во финансиите на клубовите и ’финансиски фер плеј’ за кој силно се залага Мишел Платини...

По одлуката на Извршниот Комитет на УЕФА во март да се креира Групата за Финансиска Контрола на Клубовите (Група за ФКК), Жан Лук Деаен, поранешен Премиер на Белгија, беше назначен за прв претседател, откако вчера во Нион беша креирана Групата за ФКК и претседателот на УЕФА Мишел Платини назначи осум независни експерти.

Групата за ФКК, ќе може да врши анализа на сметководствените книги на клубовите и со ова започна процесот за креирање ’финансиски фер плеј’ кој претседателот на УЕФА Мишел Платини го најави уште по добивањето на мандат.

Со ова клубовите кои не се придржуваат до поставените финансиски стандарди од УЕФА ќе бидат отстранети од Лигата на Шампионите или пак од Лига Европа.

“Ова е почеток на нова ера во Европскиот фудбал.” – рече Платини. “Финансискиот фер плеј е топ приоритет за УЕФА со цел да се постигне поголема транспарентност и да се гарантира еднаквост во нашите натпреварувања.”

“Убеден сум дека Групата за ФКК ќе го засили кредибилитетот на системот за лиценцирање на клубовите, и со овозможувањето на финансискиот фер плеј, работата на Групата за ФКК ќе биде многу значајна доколку сакаме да го зачуваме ’здравјето’ и стабилноста на Европскиот клубски фудбал на долг рок.”

Претседателот на Групата за ФКК, Жан Лук Деаен рече: “Во текот на мојата кариера сум се среќавал со многу предизвици и носењето на одреден степен на финансиски ред во Европскиот фудбал секако дека е предизвик.”

“Но како и да е, заедно со моите ново назначени колеги, убеден сум дека ќе бидеме во можност да го следиме и надлгедуваме системот на финансиски фер плеј што ќе донесе до повеќе стабилни финансиски правила во Европскиот фудбал.”

Главна цел на Групата за ФКК ќе биде ’ да се осигура дека системот за лиценци на клубовите воспоставен од УЕФА ќе биде коректно применет во сите 53 земји членки на УЕФА. Исто така ќе треба да се осигура дека клубовите ги исполниле критериумите дефинирани во Правилата за Лиценци на Клубовите од УЕФА.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...