Wednesday, 11 November 2009 17:09 Фудбал

Напаѓачот на Тотенхем, Роман Павличенко посакува да го напушти Вајт Харт Лејн.

Рускиот фудбалер не се адаптираше најдобро во Премиер лигата, многу почесто е на клупата отколку на теренот во Тотенхем.

Павличенко е дури четврти избор за напаѓач во Тотенхем, пред него се Роби Кин, Џермејн Дефо и Питер Крауч.

Селекторот на Русија, Гус Хидинк изјави загриженост за позицијата на Павличенко на кого не му е местото загарантирано во националниот тим.

"Сакам да си заминам од клубот. Невозможно е да се остане под околностите во кои се наоѓам" - изјави Павличенко.

"Половина година седам на клупата за резервни фудбалери и го изгубив местото во стартниот тим на националната селекција".

"Се надевам дека ќе успееме да се квалификуваме на Светското првенство, но на кој му треба напаѓач кој не игра?

"Јас сакам да играм, а не само да седам на клупата".

"По натпреварите со Словенија ќе отпатувам во Лондон заедно со мојот агент на разговори за мојата иднина на кои сакам и јас лично да пристуствувам".

"Ќе побарам од челниците да ме продадат за разумна цена".

"Нашиот менаџер Хари Реднап, не разговара со мене за случајот. На почетокот од сезоната тој рече дека му се потребни четири напаѓачи, а сега смета дека три се доволно".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...