Tuesday, 10 November 2009 18:56 Фудбал

Екипата на Реал Мадрид соопшти дека нивниот играч Кристијано Роналдо во следните неколку часа ќе отпатува за Португалија...

Сагата на Кристијано Роналдо заврши, екипата на Реал Мадрид конечно му даде зелено светло на играчот да се појави во тренинг кампот на Португалија.

По неколку преписки и соопштенија на Кралскиот Клуб и Португалската селекција за тоа кој ги почитува правилата на ФИФА во врска со Кристијано Роналдо, играчот во следните часови ќе отпатува за својата родна земја.

Откако Португалија го повика повредениот Роналдо за бараж дуелите со БиХ, Реал одби да го ослободи играчот и најави дека крилото останува во Мадрид.

Во исто време Фудбалската Федерација на Португалија соопшти дека очекува сите играчи што се повикани за настап во селекцијата, а настапуваат во Шпанија, да пристигнат во среда и веднаш да заминат на лекарски прегледи.

Утрово медиумите од Шпанија објавија дека Роналдо веќе им соопштил на ФФП дека не може да настапи поради повреда, но Реал на крајот попушти и дозволи играчот да замине во Португалија за врз него да бидат извршени тестови и од лекарскиот тим на селекцијата.
“Екипата на Реал Мадрид сака да соопшти дека Кристијано Роналдо ќе отпатува за Португалија во следните неколку часа, за да се стави на располагање на медицинскиот персонал на Фудбалска Федерација на Португалија.” – гласеше соопштението на официјалната веб страна на Реал Мадрид.

Сега се очекува и лекарскиот тим на Португалија да ја потврди повредата на зглобот на Роналдо и да го врати играчот назад во Мадрид за тој да продолжи со рехабилитациониот процес.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...