Thursday, 05 November 2009 20:14 Фудбал

Лотито: Пандев и Ледесма сами се изолираа надвор од составот...

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито вели дека Горан Пандев и Кристиан Ледесма сами се виновници за нивната сегашна состојба

Пандев и Ледесма се надвор од тимот на Балардини само поради тоа што одбија да ги продолжат договорите и побараа да бидат продадени.

Македонскиот интернационалец веќе покрена судска постапка против Лацио и бара раскин на договорот а според медиумите од Италија истото ќе го стори и Ледесма.

Бјанкочелестите покрај тоа што не сакаат да сметаат на квалитетот на овие двајца фудбалери во првенствените натпревари и дуелите од Лига Европа, ризикуваат да не добијат никаква оштета со заминувањето на Пандев и Ледесма.

Но сепак претседателот на Бјанкочелестите вината за ваквата ситуација не ја гледа кај себе туку кај двајцата ’бегалци’.

“Не сакам да го маргинализирам никого.” – рече Лотито. “Ледесма и Пандев самите се изолираа од составот.”

“Нашиот тренер реши да не смета на нивните услуги бидејќи на играчите им недостасува чувство за припаѓање во групата.”

“Натпреварите не се добиваат само со физичка подготвеност, особено се добиваат со главата и срцето.”

Во меѓувреме првото рочиште од случајот на Горан Пандев против Лацио е закажано за во понеделник.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...