Monday, 02 November 2009 17:02 Фудбал

Голманот на Ливерпул, Пепе Реина не ја крие желбата дека уште долго посакува да остане на Енфилд...

Ливерпул има очаен старт во новата сезона, во Премиер лигата загуби премногу бодови, а доколку во среда доживее пораз и од Лион во Лигата на Шампионите големи се шансите уште во групната фаза да доживее елиминација.

Сепак, Пепе Реина е оптимист и се надева дека работите ќе тргнат на подобро.

"Трката за титулата сеуште не е завршена. Ние треба да се насочиме од натпревар за натпревар" - вели Реина.

"Сега мора да се фокусираме на Лион, кој е многу значаен натпревар, и мора да се добие, како и оној идниот со Бирмингем во лигата".

Наскоро треба да започнат преговорите за нов договор, Реина не ја крие желбата дека сака да остане во Ливерпул.

"Мојата цел е да потпишам нов договор во иднина и сакам да останам уште многу години на Енфилд. Во зависност од тоа до кога ќе ме сака клубот".

"Ова е веќе моја пета сезона тука, и тоа говори се. Една од моите ќерки е Скаузер (навивач на Ливерпул)".

"Имам некои пријатели тука и мојата жена и децата се среќни. Ги имам сите причини долго да останам тука, и ќе го направам тоа".

Реина му дава поддршка на Рафа Бенитез кој се наоѓа под притисок поради слабите резултати на Црвените оваа сезона.

"Титулите се она за што сите сме тука. Како фудбалер на Ливерпул секогаш мора да ги имате тие амбиции".

"Трофеите се најважна работа и најважна титула секако е Премиер лигата"

"Рафа изгради нешто посебно тука. Откако дојде тој тука, тимот е нешто сосема поинакво од претходно".

"Ние напреднавме и сеуште напредуваме" - заврши Реина.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...