Saturday, 31 October 2009 19:01 Фудбал

Адриано Галијани зборуваше за тоа како со Берлускони го изградиле денешниот Милан...

Адриано Галијани гледа на последните 30 години како десна рака на Силвио Берлускони, од купувањето на Милан до Џовани Трапатони, Ариго Саки и Фабио Капело. На 1ви ноември 1979, Галијани почна да работи со Берлускони, кој сега е претседател на Милан, како и премиер на Италија.

"Берлускони ми го промени животот пред 30 години", изјави Галијани за Gazzetta dello Sport.

"Се сеќавам кога го купивме Милан, бидејќи го предупредив за цената. Ја донесе одлуката за време на летот од Saint Moritz. Во моментот кога слетавме, тој ми ја даде задачата да се грижам за новиот Милан."

Клубот беше во лоша финансиска состојба кога Берлускони го купи на 20ти февруари 1986, но веднаш започна со негово заживување.

"Откако Нилс Лиедхолм беше отпуштен, најпрвин сакавме да го ангажираме Трапатони, но тој веќе се имаше договорено со Интер. Свен Горан Ериксон беше следниот на листата, но Берлускони повлече генијален потег. За време на пријателскиот натпревар со Парма, се воодушевивме на интересниот фудбал на тимот на Саки."

"Од таму дојде идејата тренерското место да му го препуштиме на, условно кажано, дебитант. Ангажирањето на Капело исто така беше интуиција на Берлускони."

Росонерите имаа големи успеси под водството на Ариго Саки од 1987 до 1991, со што станаа, според многумина, најдобриот клуб на сите времиња. Саки го освои Скудетото, два пати Европскиот Куп (Лига на Шампиони), два Европски Супер Купа, два интернационални купа и италијанскиот супер куп. Него го наследи Капело, кој во тоа време беше директор на Милан и, слично како Леонардо денес, е поставен од Берлускони. Сегашниот селектор на Англија го продолжи големиот успех на Саки, освојувајќи четири Скудета, Лига на Шампиони во 1994 година, а имаше и уште две финалиња во Лига на Шампионите - 1993 и 1995.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...