Friday, 16 October 2009 17:20 Фудбал
Според последните извештаи на медиумите од Италија, екипата на Џенова ќе се обиде во јануари да го ангажира Горан Пандев...

Македонскиот интернационалец се поврзува со голем број на клубови откако е во последната година од својот договор со Лацио и веќе во јануари може слободно да потпише пред-договор со својот иден клуб.

Се верува дека Интер важи за голем фаворит во трката за потписот на Пандев а многумина веруваат дека враќањето на Македонецот на Џузепе Меаца е завршена работа.

Јувентус, Фиорентина и Ливерпул се само дел од клубовите кои се поврзуваа со ангажман на Горан во изминатиот период а според денешното издание на Tuttosport во јануари за потписот на Пандев ќе се бори и Џенова.

Клаудио Лотито во последните денови од изминатиов летен трансфер период се обиде да го понуди Македонецот на свјот добар пријател Енрико Прециози, но претседателот на Џенова не сакаше да излезе во пресрет на високите финансиски барања на Бјанкочелестите.

Сепак Прециози тогаш не сакаше да ја отфрли можноста да го ангажираат Пандев во јануари и Tuttosport вели дека Џенова сега ќе се обиде да ги добие услугите на Македонецот но само на позајмица до крајот на сезоната.

Се шпекулира дека Нероаѕурите сеуште немаат одлучено дали да го донесат Пандев на Меаца во јануари, кога Ето ќе замина на Африканскиот Куп на Конфедерации или пак следното лето.

Доколку Морати реши да чека да крјаот на сезоната, Нероаѕурите можно е да ги искористат добрите односи со Џенова и да ја поддржат преселбата на Пандев во Џенова до следното лето со цел Македонецот да се врати во натпреварувачки ритам со оглед на тоа дека тој сега во Рим е ’замрзнат’ и тренерот Балардини не смета на неговите услуги.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...