Sunday, 11 October 2009 18:48 Фудбал
Македонија со 2-1 го победи Катар во пријателскиот натпревар одигран на Стадионот Филип Втори...

Македонската фудбалска репрезентација ја оправда улогата на фаворит и забележа победа во дуелот против Катар.

Публиката можеше да види две сосема различни полувремиња на овој натпревар, прво интересно исполнето со неколку можности, и досадно второ полувреме без многу прилики за гол.

Македонија тргна офанзивно, иницијативата комплетно и припаѓаше на нашата репрезентација.

Првиот возбудлив момент се случи кога Горан Попов спушти една топка до Шумуликоски кој со ножички атрактивно се обиде, но не успеа да го совлада голманот на Катар.

Стојков имаше колосална шанса, по проигрувањето на Пандев, тој излезе сам пред голманот на Катар, имаше идеална позиција, можеше и да асистира но биеше катастрофално лошо крај голот.

Следната можност беше за Ибраими кој од убава можност не успеа да реализира.

За промашените шанси следуваше казна, по една нафрлена топка од слободен удар, Муса во 25та минута постигнува гол за водство на Катар од 1-0.

Радоста на гостите траеше многу кратко, во следната минута по асистенција на Илчо Наумоски, Горан Пандев постигнува гол за израмнување на 1-1.

На пет минути до крајот, прекрасен продор на Горан Пандев, соло акција на нашиот најдобар фудбалер и убав погодок за комплетен пресврт и водство на Македонија од 2-1.

Вториот дел не ги оправда очекувањата, играта драстично се промени, со само неколку шанси за погодок.

Пандев ја имаше најсериозната, влезе во убава позиција со освртување, биеше но голманот на Катар го одбрани неговиот удар.

Последната шанса ја имаше Филип Ивановски, но не реагираше најдобро, и пропадна и таа можност за зголемување на водството.

Победа на македонската репрезентација која можеше да биде изразена и со поголема гол разлика.

За Македонија настапија: Пачовски, Лазаревски, Митрески, Новески, Г. Попов, Деспотовски, Шумуликоски, Пандев, Стојков, Наумоски, Ибраими Од клупата влегоа: Р.Попов, Мојсов, Седлоски, Савиќ, Алими, Ивановски и Нурединоски.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...