Wednesday, 07 October 2009 15:08 Фудбал
Поранешниот играч на Интер и Барселона, Луис Фиго вели дека посакува еден ден да го види Лео Меси во дресот на Нероаѕурите

Аргентинскиот интернационалец е една од желбите на Масимо Морати, иако претседателот на Интер знае дека е многу тежко да стигне до услугите на Меси, особено сега откако играчот стави потпис на нов договор во кој има откупна клаузула од 250 милиони евра.

Луис Фиго, кој во минатото настапуваше и за Барселона и за Интер мисли дека Меси во моментов е најдобриот играч во светот и посакува да го види Аргентинецот во дресот на Нероаѕурите.

“Лионел е најдобар фудбалер во светот, тоа е несомнено.” – рече Фиго за Corriere dello Sport.

“Неговата тимска игра е многу посилна отколку минатата година. Мојот сон е да го видам Меси во дресот на Интер.”

За сегашниот тим на Интер, Фиго додаде: “Интер повеќе не е тим што зависи од Златан Ибрахимович. Навистина ми се допаѓа Самуел Ето. Го познавам Ето уште од времето кога бев во Реал Мадрид.”

“Имавме три фантастични години со Златан, и тој му даде многу на Интер. Но со него во тимот, Нероаѕурите премногу се потпираа на неговите квалитети, сега не е така.”

“Исто така мислам дека луѓето треба да зборуваат со Марио Балотели. Потребно е тој да работи напорно и да ги слуша советите на Жозе Мурињо.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...