Wednesday, 02 January 2013 14:57 Фудбал

Италија | Капитенот на Интер, Хавиер Занети вели дека сака и следната сезона да го носи дресот на Нероазурите...


Хавиер Занети е еден од најстарите фудбалери кои играат на највисоко ниво, во август ќе наполни 40 години.

Аргентинецот кој во Интер е од 1995 година и сеуште е еден од најважните фудбалери во тимот, вели дека сака и следната сезона да биде активен играч.

„Мојата намера е да играм уште една сезона, мислам дека така размислува и Интер, се' оди во таа насока" - изјави Занети за Gazzetta dello Sport.

„40 се многу години но и не толку многу доколку сеуште се чувствувате добро и сеуште сте корисен за тимот".

„Мојата иднина во Интер? Што и да правам, сакам да останам колку што е можно поблиску до тимот, потоа можеби и да го претставувам клубот на специјални настани".

Занети беше запрашан што мисли за можноста Марио Балотели да се врати во Интер.

„Никој не ги доведува во прашање квалитетите на Марио, но мислам дека неговото однесување не се промени многу откако го напушти Интер".

„Очигледно е дека тоа не зависеше од нас не знам дали уште ќе можете да велите дека тој беше неразбран тука и не му беше помогнато".

Извор: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...