Thursday, 01 October 2009 12:05 Фудбал
Арсен Венгер е менаџерот кој најдолго седел на клупата на Арсенал, откако Французинот го сруши рекордот на Џорџ Алисон.

Венгер го надмина Џорџ Алисон и стана менаџерот кој најдолго го предводел тимот на Арсенал.

Арсен Венгер својата авантура во Арсенал која се покажа како исклучително долга, ја започна во 1996та на 1ви октомври, 11 дена подоцна дебитираше на натпревар против Блекбурн Роверс.

Венгер до сега го предводел Арсенал на точно 4.749 натпревари што е за еден повеќе од Алисон кој бил менаџер на Топџиите во периодот од 1934 до 1947 година.

Французинот три пати му ја донесе титулата во Премиер лигата на Арсенал, 1997-98, 2001-02 и 2003-04, четири пати го освои ФА Купот и го однесе Арсенал до финалето во Лигата на Шампионите во сезоната 2005-2006.

Поранешниот потпретседател на Арсенал, Дејвид Деин е еден од клучните за донесувањето на Арсен Венгер кој беше дочекан со голем скептицизам на Хајбери.

Венгер не го познаваше англискиот јазик, и покрај тоа што имаше добро тренерско предигре во Арсенал пристигна од јапонскиот фудбал.

Сепак, за кратко време успеа да ги побие сите критики и да му донесе огромен успех на лондонскиот клуб.

"Како негова трајна заслуга ќе биде дека го трансформираше Арсенал, го однесе на комплетно ново ниво, но стилот на игра беше толку забавен" - изјави Деин за Sky Sports News.

"Тој беше баран. Баерн Минхен го сакаше него и јас сум презадоволен што успеавме да го донесеме".

"Венгер донесе големи промени во тимот, ја измени исхраната на фудбалерите, тренинг навиките, го промени нивниот живот".

"Во својата прва комплетна сезона тој ја освои двојната круна, што е извонредно достигнување".

"Тој може да зборува за уште десетина нешта освен за фудбалот. Студираше медицина, поради што знае за анатомијата на телото, за повреди на играчите, студирал и економија, по може да го прочита билансот на состојба, што е необично" - заврши Деин.

Следниот натпревар на Венгер е против Блекбурн, клубот против кој дебитираше на клупата на Арсенал.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...