Thursday, 01 October 2009 11:58 Фудбал
Адриано ги објаснува деновите на депресија исполнети со алкохол поминати во Интер по смртта на неговиот татко...

Бразилскиот напаѓач, Адриано по смрта на неговиот татко никогаш не успеа да се врати во старата форма во дресот на Интер.

Адриано се навлече на алкохолот и сметал дека само тоа може да го извади од депресивната состојба во која се наоѓал.

"По смртта на татко ми паднав во депресија и сметав дека само алкохолот може да ме излечи" - признава Адриано.

"Бев среќен само кога пиев и никогаш не прекинав. Излегував секоја вечер и пиев се што е пред мене: вино, виски, пиво...многу пиво".

"Луѓето мислат дека треба да си будала за да се откажеш од милионскиот договор кој јас го имав, но вистината е дека парите не можат да ја надоместат наклонетоста на фамилијата. Јас се откажав од милионите но ја купив среќата".

"Секој ден доаѓав пијан на тренинзите. Не се плашев дали ќе се вратам доцна дома, но на крајот дојдов до невозможна состојба, по што тие ме пратија да спијам во болница а на новинарите им рекоа дека имам некои проблем со мускулите".

"Јас никогаш не престанав да пијам и ситуацијата стана неодржлива, до тој степен што доаѓав до тепачки со Роберто Манчини по што морав да го напуштам Интер".

Адриано во ноември 2007 беше испратен на позајмица во Сао Паоло.

Кога Манчини доби отказ, новиот тренер Жозе Мурињо се заложи да го врати Адриано на старите патеки.

"Помислив дека можам да ги надминам проблемите, но повторно му се вратив на пиењето поради тоа што немав никој покрај мене на кој можам да се потпрам".

"Се вратив за Мурињо, но тоа не беше доволно. Повторно започнав со забавите, жаните и алкохолот".

"Клубот повеќе не беше подготвен да ја прифаќа ситуацијата и престана да инсистира на моето опоравување".

"Жал ми е за Мурињо кој ги уверуваше дел од директорите дека ќе успее да се справи со мене" - заврши Адриано.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...