Wednesday, 28 November 2012 19:19 Фудбал

Италија | Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо останува еден од најголемите фанови на Интер, Португалецот открива дека во неколку наврати плачел по заминувањето од Џузепе Меаца...

’Специјалниот’, кој две години седеше на кормилото на Интер, во 2010 успеа на ’Нероаѕурите’ да им ја донесе историската тројна круна, односно триумф во Лигата на Шампионите, Серија А и Купот на Италија.
 
Веднаш по ваквиот успех, Жозе Мурињо замине од Џузепе Меаца и седна на тренерското столче на Реал Мадрид.
 
„Зошто заминав од Интер? И јас понекогаш си го поставувам истото прашање” – рече Мурињо.
 
„Реал по трет пат ми понуди шанса да седнам на тренерското столче на Бернабеу”.
 
„Моите пријатели ми рекоа: „Можеше да бидеш голем тренер, но доколку не освоиш титула со Реал Мадрид, тоа ќе остави голема дупка во твојата кариера“. Успех со Реал Мадрид обезбедува место во историјата”.
 
„Разговарав со Флорентино Перез и се преселив во Реал. Сепак, моето срце останува ’Нероаѕуро’”.
 
Португалецот потоа додаде: „Интер е клубот каде посакував да останам подолго. На ниту едно друго место не бев толку среќен”.
 
„Интер е едно големо семејство, и јас секогаш ќе припаѓам на тоа семејство”.
 
„Кога заминав, плачев во неколку наврати”.
 
„Моето срце е во Милано, имам голема носталгија за Интер”.
 
„Славам кога Интер победува, страдам кога тие губат”.

Извор: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...