Thursday, 24 September 2009 11:15 Фудбал
Роналдо: Не ми се важни погодоците, важни ми се победите...

Португалскиот интернационалец вчета на дуелот со Виљареал повторно се запиша во листата на стрелци со што постави нов рекорд за Кралскиот Клуб, постигнувајќи погодок во првите четири кола

Кристијано Роналдо вчера го впиша своето име во историјата на Кралскиот Клуб како првиот Мадридиста што ги затресе противничките мрежи во првите четири натпревари од сезоната.

Со петте погодоци Португалецот исто така е на врвот на листата стрелци во Ла Лига, изедначен со Меси и Виља.

А со двата погодока против Цирих во Лигата на Шампионите, Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во Европа.

По вчерашниот натпревар со Виљареал, Роналдо рече дека е задоволен од триумфот на Ел Мадригал и додаде дека неговата цел не е да биде најдобар стрелец и важни му се само победите.

“Работите се одвиваат добро, тимот победува и се подобрува, постигнува многу погодоци. Јас исто така сум во добра форма.” – рече Роналдо за AS.

Во првиот дел Реал играше со тројца играчи во средниот ред, мала промене во однос на дуелот со Ксерес.

“Одигравме со различен систем и различни играчи. Тренерот знае што е најдобро за тимот и играчите треба да бидат подготвени на се.”

“Имавме мали проблеми во вториот дел но знаевме дека е потребно да постигнеме втор погодок и го сторивме тоа.”

“Виљареал е тим што игра убаво, тим што сака да го има поседот на топката и тешко е да се победи на нивниот терен.”

“Голот го посветив на Раул? Пред натпреварот тој рече дека ќе постигнам погодок па затоа го посветив на него. Раул е пример за сите“.

“Дали требаше да го изведам пеналот? Тренерот одреди Кака да го изведе ударот од белата точка, но мојата цел не е да бидам најдобар голгетер?”

“Дали сум сигурен? Да, не ми се важни погодоците, она што е важно се победите.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...