Thursday, 17 September 2009 14:23 Фудбал
Цеск Фабрегас го опиша триумфот против Стандард како ’голема победа за Арсенал’...

...откако му помогна на својот тим да направи пресврт во вториот дел

Шампионот на Белгија имаше извонреден старт и по само пет минути имаше водство од 2-0 над Арсенал благодарејќи на погодоците на Мангала и Јовановиќ.

Но Николас Бендтнер пред крајот на првиот дел го намали водството за во продолжението од дуелот Томас Вермален и Едуардо да се погрижат за комплетен пресврт.

Фабрегас имаше значајна улога во пресвртот откако асистираше при изедначувачкиот и победоносниот погодок, и капитенот во ниту еден момент не се посомневал во можноста на Арсенал да го промени текот на натпреварот.

“Секогаш постои можност во воведните неколку минути да не одиграте на највисоко ниво и тоа се случи на вчерашниот натпревар, но одговоривме добро како тим.” – рече Фабрегас.

“Знаевме дека пред нас е цел натпревар и дека можеме да направиме разлика. Па не беше тешко да се продолжи со вербата.”

“Ние сме среќни и ова е голема победа особено ако се знае како го започнавме натпреварот. Сега треба да се фокусираме на Виган бидејќи Премиер Лигата е најважното нешто за Арсенал.”

“Секој трет ден кога ќе играме, ќе биде како финале за Арсенал бијдеќи сакаме да бидеме на врвот. Ова е само еден натпревар а сезоната само што започна па имаме многу време за да се подобриме.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...