Friday, 11 September 2009 12:34 Фудбал
Касиљас го собори рекордот за настапи за Шпанија без примен гол, цели кон нов...

Голманот на шпанската репрезентација, Икер Касиљас е среќен што го надмина рекордот на Зубизарета откако не прими гол за 57 натпревари за Црвената Фурија.

Во средата Икер Касиљас дојде до бројката од 57 натпревари за шпанската репрезентација без примен гол, што значеше и нов рекорд во неговата земја.

Голманот на Реал Мадрид има одиграно вкупно 98 натпревари за Шпанија и тргнува кон соборување на нов рекорд кој исто така го држи Зубизарета, тој има најмногу настапи за репрезентацијата, вкупно 126.

"Секогаш се чуствувам среќен и горд кога ќе соборам рекорд и тоа на фудбалери каков што е Зубизарета, тоа е уште повредно ако се знае дека во Шпанија имаме голмани со голем квалитет" - изјави Касиљас.

"Свесен сум дека сум блиску до стотиот настап за националниот тим бидејќи медиумите ми го кажуваат тоа пред секој натпревар".

"Не знам кога ќе го достигнам тоа. Дали ќе биде на квалификациски меч, на прославата по повод 100 години од шпанската федерација или на Светското првенство. Но тоа ќе биде посебен момент".

"Ќе бидам третиот шпански фудбалер кој ќе ја помине таа граница, но сигурен сум дека многу од моите соиграчи порано и подоцна ќе го направат истото" - заврши Касиљас.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...