Friday, 28 September 2012 20:19 Фудбал

Англија | Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон верува дека Џон Тери поминал добро со суспензијата од четири натпревари...

Вчера, ФА го прогласи Џон Тери за виновен по обвинувањата за навреда на расна основа упатена кон Антоан Фердинанд, и на дефанзивецот на Челзи му изрече суспензија од четири натпревари и парична глоба од 220 000 фунти.
 
Англичанецот сега го чека извештајот на ФА во писмена форма, и можно е да достави жалба.
 
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го советува Тери добро да размисли пред да донесе одлука дали да ја обжали пресудата на ФА.
 
Во декември минатата година, Луис Суарез доби осум натпревари суспензија откако беше прогласен за виновен по обвинувањето за навреда на расна основа упатена кон Патирс Евра, па Ферги верува дека казната на Тери е блага во споредба со онаа на напаѓачот на Ливерпул.
 
“Постои опасност целиот инцидент да се возобнови, бидејќи се развлекува долг период.” – рече менаџерот на ’Црвените Ѓаволи’.
 
“Со оглед на тоа дека доби четири натпревари суспензија, можно е тој да помисли дека казната е блага во споредба со суспензијата од осум натпревари што ја доби Луис Суарез.”
 
“Потребно е сите да продолжиме напред и да го заборавиме сето ова.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...