Tuesday, 19 June 2012 16:50 Фудбал

Евро 2012 | Селекторот на Хрватска, Славен Билиќ вели дека неговите избраници можат да бидат горди и покрај тоа што доживеаа елиминација на ЕВРО 2012...


’Коцкастите’ завршија трети во Групата Ц, откако вчера загубија во дуелот со Шпанија со минимални 1-0 преку погодокот кој го постигна Хесус Навас во 88. минута од натпреварот.
 
Сепак, лесно можеше да се случи Хрватска да се пласира во четврт-финале доколку Иван Ракитиќ ја искористеше одличната шанса што му се укажа по еден час игра, кога фудбалерот на Севиља биеше со глава од пет метри а Икер Касиљас со одлична реакција ја сочува сопствената мрежа.
 
По крајот на средбата, Славен Билиќ им порача на своите фудбалери дека можат да бидат горди од она што го прикажале на ЕВРО 2012, и покрај тоа што се елиминирани уште во групната фаза.
 
“Имавме план.” – рече селекторот на Хрватска. “Игравме против светскиот и европскиот шампион, и се обидовме да ги неутрализираме.”
 
“Во првото полувреме се браневме и ги чекавме, во тој период не бевме заинтересирани за напад.”
 
“Превзедовме поголем ризик во последните 30 минути од средбата. Шпанија се мачеше против нас. Можевме да победиме, бевме блиску, би рeкол дека ни фалаше малку среќа.”
 
“Воопшто не е лесно да се игра против нив, но знаевме дека ќе имаме две или три шанси. Имавме една чиста, онаа на Ракитиќ. Тоа е шанса што морате да ја искористите кога играте против Шпанија. Заслуживме подобар резултат.”
 
“На крајот не го остваривме планот, но моите фудбалери можат да си заминат горди. Беа одлични, не само на овој натпревар туки и на претходните два, во една многу силна група.”
 
“Не очекував ова да биде мојот последен натпревар, бев сигурен дека ќе се пласираме во следната фаза.”
 
“Но не е лесно да се игра против Шпанија, тие се многу добра селекција. Но не ги гледам како големи фаворити. Мислам дека има неколку екипи што се погладни за успех и играат поагресивно долу на теренот.”
 
Ова беше последен натпревар за Славен Билиќ на кормилото на Хрватска, стратегот уште пред неколку месеци најави дека има договор со Локомотив Москва.
 
“За неколку дена ќе се преселам во Локомотив Москва, па сакам да им се заблагодарам на луѓето во Фудбалската Федерација на Хрватска што ми дадоа шанса пред шест години кога бев млад тренер и немав многу искуство.”
 
“Никогаш немаше проблеми со играчите или персоналот во изминативе шест години. Уживав во секоја минута.”
 
“Ќе продолжам да работам како тренер, но никогаш нема да бидам волку горд, бидејќи да се биде селектор на сопствената држава е уникатно искуство.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...