ВИЦ

Kрава

Професорката по ликовно на учениците им дала задача да нацртаат крава како пасе трева. Ивица не нацртал ништо, доаѓа професорката и му вика:
- "Ивица, зошто ништо не си нацртал?"
- "Професорке нацртав, ама дојде кравата, ја изеде целата трева и си замина!"

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Friday, 18 May 2012 18:36 Фудбал

Лига на Шампиони | Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го бодри својот тим да ја искористи големата шанса која е пред нив и да ја освои Лигата на Шампионите...


Утре Баерн Минхен го пречекува Челзи во финалето од Лигата на Шампионите, Баварците се првиот тим во историјата на ова натпреварување кој има можност на домашен терен да го крене големиот трофеј.
 
Хејнкес смета дека шансите се подеднакви, вели дека пред нив е голема шанса која треба да се искористи.
 
"Во финале од Лигата на Шампионите нема фаворити" - изјави Хејнкес на денешната прес конференција.
 
"Сигурно не можете да бидете фаворити во финале против тим како Челзи, бидејчи тие имаат фудбалери со големо искуство кои освоиле се, и нивен сон е да го освојат овој куп".
 
"Можеби мала предност е тоа што играме на нашиот стадион".
 
"Имаме шанса да ја освоиме Лигата на Шампионите по пауза од 11 години и тоа на нашиот стадион. Многу тимови со долга традиција треба да чекаат долго време да го освојат ова натпреварување и ние може да немаме ваква шанса друг пат".
 
Јуп Хејнкес ги истакна и актерските способности на Дидие Дрогба.
 
"Дрогба долги години е еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата, и дефинитивно е опасен, може да даде гол во секој момент".
 
"Понекогаш малку претерува. Понекогаш е исклучителен актер на теренот".
 
Германскиот стратег има пофални зборови за Роберто Ди Матео и смета дека тој треба да остане на клупата на Челзи.
 
"Не смееме да заборавиме дека тој го донесе Челзи до финалето. Изгледа како многу кул личност кој има целосна контрола на случувањата".
 
"Чекор по чекор тој го унапреди односот со фудбалерите и креираше хармонија. Хармонијата се чувствува".
 
"Извршува фантастична работа и не гледам зошто неговата иднина во Челзи да зависи од тоа дали утре ќе победи или не. Потребен е континуитет".
 
"Не гледам ниту еден аргумент против него. Тој изгледа импресивно и доколку јас бев Абрамович, ќе продолжев со овој млад човек".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...