Friday, 06 April 2012 15:55 Фудбал

Лига на Шампиони | Капитенот на Челзи, Џон Тери открива дека неговите деца обожаваат да го гледаат Лео Меси, тој со нетрпение го очекува дуелот со Барселона и аргентинскиот репрезентативец...


Двете екипи имаа неколку дуели во Лигата на Шампионите во изминатите години, тие одново ќе ги одмерат силите за десетина дена во полу-финалето од најелитното европско натпреварување.
 
Во пресрет на двомечот, Џон Тери открива дека со нетрпение чека да му се спротивстави на Лео Меси, за кого вели дека е најдобар фудбалер во историјата.
 
Капитенот на Челзи исто така открива дека неговите деца, пет годишните близнаци Џорџи и Самер, го обожаваат Меси и имаат дресови од ѕвездата на Барса.
 
“Пресметките со Барселона се едни од моите најгорди моменти како фудбалер на Челзи.” – рече Тери. “Кога тие гостуваа тука, чувствувам дека покажавме дека можеме да се носиме со нив.”
 
“Малку тимови го сториле тоа, не го гледате тоа често. Не можеме да предвидиме ништо, но сите знаеме дека тие се одличен тим.”
 
Дефанзивецот потоа додаде: “На моите деца ќе можам да им кажам дека сум играл против Меси кога го гледаме на ТВ, бидејќи тие го обожаваат.”
 
“Тие имаат дресови од Барселона со неговото име на грбот, и им се допадна фактот што го заменив дресот со Меси на еден од претходните натпревари.”
 
“Задоволство е да му се спротивставам. Кога ќе ставам крај на карирата, и ќе погледнам наназад, а тој сеуште ќе биде силен, ќе можам да си кажам себе си дека сум се пробал со најдобриот. Според мене, тој е најдобриот во историјата.”
 
“Тој е одличен фудбалер и прекрасна личност. Има се, тој е магичен, но ние покажавме дека како колектив можеме да го сопреме.”
 
Тери потоа проговори и за желбата на Челзи да се триумфира во најелитното европско натпреварување.
 
“Убаво е да се каже, ’Играв против овој тим, или против тој фудбалер.’ Но за мене најважно е да се победи.”
 
“Во неколку наврати бевме блиску до триумф во Лигата на Шампионите. Но сеуште не сме го сториле тоа, триумф во ЛШ е нашата цел.”
 
“Тоа секогаш била наша цел уште кога Роман Абрамович стана сопственик на клубот. Тој има огромна желба за триумф во ЛШ.”
 
“Знаеме дека ќе биде многу тешко во полу-финалето против Барса. Тие се одличен тим и можат да го распарчат противникот.”
 
“Но ние немаме загубено на последните пет дуели со нив и ќе бидам среќен доколку истото можеме да го кажеме и по овој двомеч.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...