Tuesday, 03 April 2012 13:15 Фудбал

Шпанија | Според пишувањата на AS, Кун Агуеро е целта број еден на Реал Мадрид и веќе се кројат стратегии како напаѓачот да пристигне на Сантијаго Бернабеу...


Аргентинецот и минатото лето се поврзуваше со Реал Мадрид, но тогаш Атлетико Мадрид категорично застана на ставот дека нема да дозволат Агуеро да се пресели во лутиот градски ривал.
 
’Јорганџиите’ тогаш ја прифатија понудата на Манчестер Сити вредна 45 милиони евра, и напаѓачот се пресели во Премиерлигата.
 
Но според денешното издание на AS, Кун Агуеро би можел да се врати во Мадрид по само една година помината на ’Островото’.
 
Весникот вели дека Агуеро е цел број еден на Реал Мадрид, и Кралевите веќе кројат планови како да го донесат фудбалерот на Сантијаго Бернабеу.
 
Се говори дека Жозе Мурињо дал зелено светло за зделка во која Гонзало Игуаин ќе биде понуден на ’Граѓаните’ како и 5 до 10 милиони евра во кеш.
 
Извештајот вели дека Агуеро неколку месеци знае за желбата на Реал Мадрид, и веќе дискутирал на оваа тема со некои од неговите соиграчи.
 
AS вели дека самиот фудбалер е привлечен од идејата да се врати во Мадрид, бидејќи како и многу други Јужноамериканци, не може да се прилагоди на животот во Англија.
 
Пред еден месец на оваа тема се огласи и Диего Марадона, кој истакна дека неговиот зет мора да игра за Реал Мадрид.
 
“Кун мора да игра за Реал Мадрид.” – рече Марадона за Radio La Red. “Тој погреши кога го одбра Манчестер Сити, требаше да остане во Мадрид.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...