Tuesday, 03 April 2012 13:02 Фудбал

Лига на Шампиони | Дидие Дешамп е свесен дека Баерн Минхен е голем фаворит за прогрес во следната рунда, но верува дека неговите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе се обидат да направат чудо...


Марсеј, со лоша форма и два гола негатива гостува на Алианц Арената, и Дидие Дешамп е свесен за невозможната мисија со која се соочува неговиот тим.
 
Запрашан какви се шансите за прогрес во полуфиналето, стратегот на Марсеј рече: “Имаме одредени шанси, не знам колкави се тие... барем имаме шанси, тоа е сигурно.”
 
“Кога за противник имате тим како Баерн, јасно е дека шансите се мали.”
 
“Ова е историска можност за нас, не треба да говорам премногу, сите знаат колкав е влогот.”
 
“Баерн е блиску до полуфинале, но потребно е  да истрчаме на теренот со верба во нашиот квалитет. Потребен ни е силен менталитет.”
 
“Треба да го дадеме максимумот, да одиграме фокусирано и интелегентно од самиот почеток па се до последниот свиреж на судијата.”
 
Дешамп како капитен на Марсеј во 1993 во Минхен стигна до трофејот од Лигата на Шампионите.
 
“Моите фудбалери треба сами да испишат сопствена историја.” – продолжи стратегот. “Можам да им кажам за моето искуство тука во Минхен, но не живееме во минатото, живееме во сегашноста.”
 
“За голем дел од моите фудбалери ова е прво четвртфинале од Лигата на Шампионите, потребно е да уживаат и да одиграат најдобро што можат.”
 
“Победивме во Дортмунд и покрај тоа што во еден период од средбата губевме со 2-0. Го елиминиравме Интер, и покрај тоа што бевме аутсајдери.”
 
“Се работи за престиж на овој натпревар, и нашата цел е да го обезбедиме најдобриот резултат.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk


Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...