Friday, 23 March 2012 16:36 Фудбал

Англија | Капитенот на Челзи, Џон Тери инсистира дека Роберто Ди Матео е главен на Стемфорд Бриџ...


Откако Андре Вилаш Боаш доби отказ, Челзи реши да го назначи неговиот помошник Роберто Ди Матео за привремен менаџер до крајот на сезоната.
 
Но се шпекулираше дека гласот на 41 годишниот стратег не се слуша премногу во Челзи.
 
На реванш средбата помеѓу Челзи и Наполи во Лигата на Шампионите, можеше да се забележи како Џон Тери од клупата за резерви дава инструкции, па се шпекулираше дека капитенот на ’Сините’ и неколку други постари фудбалери ја имаат контролата на Стемфорд Бриџ.
 
Сепак Тери ги отфрла ваквите стории, и вели дека целата заслуга за добрата форма во последните неколку недели треба да му се препише на Ди Матео.
 
“Како одговор на коментарите кои сугерираа дека јас си мислам дека сум менаџерот, сакам да кажам дека Роби (Ди Матео) истапи ,и тој е безпрекорен.” – рече Тери за Evening Standard.
 
“Јас сум дел од Челзи, без разлика дали сум на теренот или сум надвор од него. Доколку бев на теренот (на дуелот со Наполи) ќе ги говорев истите работи што ги кажав од клупата за резерви.”
 
“Таква е мојата улога како капитен на овој клуб.”
 
“Само поради тоа што сум го напуштил теренот, не треба да го променам менталитетот. Луѓето можеби ќе го сфатат ова погрешно, но јас се грижам за овој клуб, сите се грижиме, и Роби заедно со неговиот персонал треба да ја добие целата заслуга.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...