Tuesday, 06 March 2012 15:38 Фудбал

Лига на Шампиони | Тренерот на Милан, Масимо Алегри вели дека неговите избраници не смеаат во ниту еден момент да се релаксираат на средбата против Арсенал и покрај високата предност од 4-0...

Актуелниот шампион на Италија го демолираше Арсенал на првиот натпревар од осмина-финалето од Лигата на Шампионите, и се чини дека Милан со едната нога веќе е во следната рунда.
 
Само три клуба успеале да се вратат од негатива од четири гола по првиот натпревар во историјата на европските натпреварувања, но и покрај тоа Масимо Алегри бара од неговите избраници да бидат фокусирани на реванш средбата на Емирати Стадионот.
 
“Знаеме како играат клубовите од Англија, па ќе биде важно да имаме прав пристап кон натпреварот, да одиграме со голема внимателност и правилно темпо.” – рече Алегри на прес-конференцијата.
 
“Сигурен сум дека тие ќе се обидат да ја забрзаат играта, ќе се обидат да постигнат ран погодок, па воведните минути ќе бидат важни.”
 
“Кога играте против Арсенал во Лондон во осмина-финалето од Лигата на Шампионите, без разлика што се случило на првиот натпревар, никогаш нема да очекувам мојот тим да биде релаксиран. Во фудбалот се може да се случи.”
 
“Потребно е да го заборавиме резултатот на првиот натпревар и да се фокусираме на обезбедување пласман во следната рунда.”
 
Тренерот на Милан потоа додаде: “Арсенал ќе биде поинаков тим од оној на првиот натпревар. Тие ќе сторат се што можат, бидејќи немаат што да загубат.”
 
“По поразот на Сан Сиро, одиграа неколку добри натпревари. Само погледнете што сторија против Тотенхем и против Ливерпул во саботата.”
 
“Знам дека клубовите од Англија никогаш не се предаваат.”
 
Алегри исто така верува дека Милан оваа сезона може да стигне до финалето од Лигата на Шампионите
 
“Мислам дека имаме прилика да стигнеме до финалето за прв пат по пет години.”
 
“Но најпрво треба да се пласираме во четврт-финале, па потоа ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо лошо во тоа што мислиме дека можеме да отидеме до самиот крај.”
 
“Но потребно е и малку среќа, бидејќи нема многу простор за опоравување доколку одиграте лошо на некој натпревар.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...