Friday, 02 March 2012 14:13 Фудбал

Италија | Corriere dello Sport пренесува дека Милан посакува да го продолжи договорот на Златан Ибрахимовиќ до 2016...


Шведскиот репрезентативец, кој на Сан Сиро пристигна во 2010, во моментов е обврзан кон ’Росоњерите’ до 2015.

Денешното издание на Corriere dello Sport вели дека актуелниот шампион на Италија размислува да му понуди нов договор на напаѓачот.

Вчера во Миланело пристигнал агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола кој се сретнал со потпретседателот на Милан, Адриано Галијани и спортскиот директор Ариедо Браида.

Се говори дека на средба се разговарало за можноста Ибра да стави потпис на нов договор со трајност до 2016, според кој Швеѓанецот во иднина ќе добива поголема плата.

30 годишниот напаѓач во моментов е фудбалерот со најголема плата на Сан Сиро, со примања од околу 9 милиони евра годишно.

Corriere dello Sport исто така пренесува дека тема на разговор била и иднината на Марк ван Бомел, кој е клиент на Мино Раиола.

Репрезентативецот на Холандија е под договор со Милан до крајот на сезоната, и се говори дека фудбалерот би можел да се врати во ПСВ.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...