Thursday, 01 March 2012 14:28 Фудбал

Франција | Според пишувањата на мадридски AS, ПСЖ посакува да го ангажира плејмејкерот на Барселона, Чави и за таа цел клубот од Париз е подготвен да плати фантастични 80 милиони евра...


Денешното издание на AS пишува дека 32 годишниот Чави има понуда за заминување од Камп Ноу по крајот на сезоната.

Весникот вели дека претставници на ПСЖ неодамна стапиле во контакт со шпанскиот репрезентативец и му соопштиле дека тие се подготвени да потрошат мало богатство за негов ангажман.

Со оглед на тоа дека ПСЖ минатото лето премина во рацете на конзорциум од Катар, парите не се проблем за ’Светците’, па се говори дека тие ќе ја активираат откупната клаузула во договорот на Чави вредна 80 милиони евра.

Чави во 2010 стави потпис на нов договор со Барселона со трајност до 2014, но и опција истиот да биде продолжен до 2016, и тогаш се веруваше дека со овој договор фудбалерот до крај на кариерата ќе го носи дресот на Барселона.

Останува да се види дали плејмејкерот ќе биде верен на клубот каде што ја помина целата своја кариера, или пак ќе ја прифати богатата понуда на ПСЖ и ќе се пресели на Паркот на Принцовите.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...