Thursday, 01 March 2012 14:21 Фудбал

Италија | Според пишувањата на медиумите од Италија, Александре Пато ќе биде надвор од стројот околу две недели поради нова повреда на задната ложа...


Бразилскиот репрезентативец мака мачи со повредите оваа сезона, и веќе пропушти добар дел од натпреварите на Милан.

На средбата со Јувентус што се одигра минатиот викенд, Александре Пато помина само 45 минути на теренот, и беше заменат поради нова ситна повреда.

Оваа недела тој не одработи ниту еден целосен тренинг, па малку веројатно е дека ќе настапи на натпреварот со Палермо во сабота.

Дел од медиумите пренесуваат дека Пато заработил нова повреда на задната ложа, ќе паузира околу 15 дена, и не само што ќе го пропушти дуелот со Палермо, тој нема да биде во комбинација ниту за реванш средбата со Арсенал во Лигата на Шампионите, а под голем знак прашалник ќе биде и за дуелот со Лече.

Ова е 13. повреда за Бразилецот од 2010 па наваму, па медиумите од Италија пренесуваат дека управата на Милан полека го губи трпението со напаѓачот.

Се шпекулира дека актуелниот шампион на Италија ќе го продаде Пато во летниот трансфер период, а како негова замена се посочуваат неколку алтернативи, помеѓу кои Робин ван Перси, Карлос Тевез и Марио Балотели.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...