Wednesday, 29 February 2012 14:05 Фудбал

Франција | Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи признава дека напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин еден ден би можел да се пресели на Паркот на Принцовите...


Медиумите шпекулираат дека Хавиер Пасторе, за кого ПСЖ летоска плати околу 42 милиони евра, ја советувал управата на клубот да го ангажира неговиот сонародник Гонзало Игуаин.

Се говори дека ПСЖ е подготвен по крајот на сезоната да му понуди 25 милиони евра на Реал Мадрид за услугите на аргентинскиот репрезентативец.

24 годишниот напаѓач е обврзан кон Кралевите до 2016, но во последно време се почесто е на клупата за резерви, а Жозе Мурињо има голема доверба во Карим Бензема.

Останува да се види дали Реал ќе се сложи на продажба и дали Игуаин ќе прифати преселба во Париз, со оглед на тоа дека за неговите услуги голем интерес има и во Англија и Италија, но  од таборот на ПСЖ велат дека вратите се отворени за преселба на напаѓачот на Паркот на Принцовите.

Запрашан дали Аргентинецот би можел да се пресели во ПСЖ, претседателот на клубот Насер Ал Келаифи за CNN рече: “Зошто да не?”

“Можеби еден ден Игуаин ќе дојде во ПСЖ.”

“Пасторе е одличен фудбалер и нормално е тоа што сака неговиот пријател да пристигне тука.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...