Tuesday, 28 February 2012 13:29 Фудбал

Англија | Андре Вилаш Боаш за прв пат јавно призна дека би можел да ја доживее истата судбина како неговите претходноци и да добие отказ од сопственикот на Челзи, Роман Абрамович...


Младиот стратег постојано повторува дека има поддршка од Роман Абрамович, но сега за прв пат пројавува сомнеж за својата долгорочна иднина на Стемфорд Бриџ.

Со оглед на тоа дека ова е најлошата сезона на ’Сините’ откако клубот премина во рацете на милијардерот од Русија, има голем број на шпекулации за иднината на Андре Вилаш Боаш.

Во интервју за португалската радио станица TSF, кое беше емитувано вчера, Вилаш Боаш истакна дека сеуште ја има поддршката на Абрамович, но призна дека би можел да доживее иста судбина како Карло Анчелоти, кој минатата сезона доби отказ откако Челзи не освои ниту еден трофеј.

“Се наоѓаме во иста ситуација како и минатата година.” – рече Вилаш Боаш.

 “Моделот на однесување на сопственикот придонесе менаџери да добиваат отказ во ваква слична ситуација, па дури и во подобра ситуација.”

“Каква ќе биде реакцијата? Ќе биде една од двете опции, да продолжиме со проектот и сопственикот да даде целосна поддршка, или пак да се случи истото она што се случуваше во минатото. Не знаеме како ќе се одвиваат работите.”

“Знам дека во ерета на Абрамович ние го имаме најлошиот резултат, но мислам дека ја чувствувам довербата од сопственикот. Ајде да видиме дали тој сака промена во клубот или не.”

Вилаш Боаш исто така открива дека веќе крои планови за тоа како да го промени составот на Челзи во летниот трансфер период.

“На крилните позиции ги имаме на располагање Калу и Малуда, кои се при крајот на своите договори, додека пак Хуан Мата и Даниел Стариџ се иднината.”

“Па верувам дека имаме простор за ангажман на експлозивен фудбалер на крилната позиција, некој што е силен во дуелите еден на еден, и Хулк е токму таков тип на фудбалер.”

АВБ исто така упати критика за проектот на Манчестер Сити.

“Одбивам да направам тим како оној на Сити, не ми се допаѓаат стандардите на нивниот фудбал.”  - продолжи Португалецот.

“Сите е многу организиран, ефикасен, добро балансиран тим. Во моментов тие сакаат само да бидат шампиони. Има точна формула за да се биде шампион во Премиерлигата, и токму тоа Сити го прави во моментов: напаѓаат ефикасно пред се.”

“Тие се италијански тим, ги следат италијанските стандарди. Доколку ги видам како играат во Италија, ќе речам дека тие токму таму и прапаѓаат.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...