Monday, 13 February 2012 11:02 Фудбал

Англија | Тиери Анри вели дека никогаш не може да му каже НЕ на Арсенал, и ја остава вратата отворена за враќање на Емирати Стадионот и во иднина...


Французинот на почетокот од јануари се врати во Арсенал на краткорочна позајмица од Њујорк Ред Булс.

Во саботата Тиери Анри го обележа последниот настап за ’Топџиите’ во Премиерлигата со победоносен погодок на гостувањето кај Сандерленд.

Тој ќе му биде на располагање на Арсен Венгер уште за средбата со Милан во Лигата на Шампионите, која се игра во среда на Сан Сиро, а кон финишот на оваа недела ќе се врати во САД на подготовките за новата сезона со Њујорк Ред Булс.

Арсен Венгер откри дека посакувал да го има Анри во тимот до крајот на овој месец, и додаде дека напаѓачот во иднина одново би можел да се врати во клубот.

Самиот Анри исто така признава дека во иднина би можел да има и трет престој во Арсенал.

Запрашан за можноста и следната сезона да се врати во Арсенал, најдобриот стрелец во историјата на клубот рече: “Никогаш не се вели никогаш, нели?”

“Потребно е да го прашате Венгер. Не знам. Секогаш сум велел дека не можам да му кажам не на Арсенал. Доколку во иднина им биде потребна помош, јас ќе бидам во близина.”

“Никогаш не помислував дека ќе се вратам во Арсенал. Не би можел да кажам дека ова дефинитивно е крај. Кој знае што ќе се случии...“

“Кога е во прашање Арсенал, јас секогаш сум емоционален.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...