Friday, 10 February 2012 13:33 Фудбал

Англија | Патрик Виеира се сомнева дека постои заговор и обид да се спречи Манчестер Сити да стигнат до титулата од Премиерлигата оваа сезона...


Французинот, кој има улога на директор на Етихад Стадионот, верува дека ’Граѓаните’ во последно време добиваат не фер третман од судиите.

Винсент Компани доби црвен картон за старт со две нозе врз Нани, а за слични потези, Глен Џонсон од Ливерпул и Френк Лампард од Челзи поминаа неказнето.

Четири натпревари сузпензија доби и Марио Балотели поради тоа што го удри Скот Паркер, но Питер Крауч остана неказнет и покрај тоа што со прст бркна во очите на противнички фудбалер.

“Чувствувам дека се што Сити прави добива многу повеќе на тежина, и нас не казнуваат, во споредба со други тимови и други фудбалери.” – рече Виеира.

“Не сакам премногу да мислам на тоа бидејќи не сакам да кажам дека сите се против Сити, или нешто слично.”

“Но кога ќе погледнете на последните неколку одлуки, се запрашувате дали нешто тука е погрешно, дали луѓето не сакаат ние да триумфираме во Премиерлигата.”

“Стартот на Лампард (врз Адам Хамил од Вулверхемптон) изгледаше многу поопасно од оној на Компани.”

“Потегот на Крауч, кога ги бутна прстите во очите на противнички фудбалер, исто така изгледаше лошо.”

“Се трудиме да го дадеме најдоброто од себе за да го освоиме првенството, и ги прифаќаме казните.”

“Но кога ќе погледнеме што се случува со другите, тоа не прави фрустрирани.”

“Се чини дека различни судии носат различни одлуки за една иста работа.”

“Тешко е да се разберат одредени одлуки во споредба со одлуките кои ние ги добивме. Мислам дека тоа носи конфузија, а конфузијата е опасна за нашата игра.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...