Friday, 10 February 2012 13:19 Фудбал

Англија | Велшанецот Рајан Гигс стави потпис на нов едногодишен договор со Манчестер Јунајтед и ќе ја продолжи извонредната кариера на Олд Трафорд...


38 годишниот Гигс дебитираше во дресот на ’Црвените Ѓаволи’ во март 1991, и со Манчестер Јунајтед освои се што може да се освои, вклучувајќи рекордни 12 титули од Премиерлигата и две титули од Лигата на Шампионите.

Фудбалерот постојано велеше дека се чувствува добро, има глад за нов успех и не сака да стави крај на кариерата.

Ист став имаше и Ферги, кој во неколку наврати истакна дека посакува да го продолжи договорот на Гигс со оглед на добрите перформанси кои ги прикажува ветеренот.

По кратки преговори, двете страни успеаа да ги договорат сите детали, па Гигс ќе биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед за сезоната 2012/2013 откако денес стави потпис на нов едногодишен договор.

“Рајан Гигс го продолжи договорот за уште една година.” – гласеше соопштението на актуелниот шампион на Англија.

Откако го продолжи договорот, Гигс рече: “Кога го потпишав мојот прв договор, никогаш не помислив дека ќе играм 22 години за Јунајтед, но се чувствувам добро и знам дека сеуште можам да дадам допринос и да помогнам тимот да се бори за титули.“

“Освојувањето на 19. титула во Премиерлигата беше одлично чувство, но клубот секогаш се фокусира на она што треба да го направиме во иднина, и навистина сум среќен што можам да бидам дел од тоа.“

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...