Monday, 06 February 2012 15:13 Фудбал

Шпанија | Барселона со 2-1 славеше во дуелот со Реал Сосиедад на Камп Ноу, и одново се врати на седум бода негатива во однос на Реал Мадрид...


По победата на Хетафе, Кралевите привремно отидоа на +10, па фудбалерите на Барса беа под притисок да забележат победа.

Потешко од очекувањата, актуелниот шампион на Шпанија успеа да слави во дуелот со Реал Сосиедад, и да се врати на негатива од седум бода во однос на лидерот Реал.

Резултатот беше отворен во 9. минута, кога Меси одлично го уфрли Тељо, а младиот Шпанец реагираше рутински и го постигна својот деби погодок во Ла Лига.

Домакинот потоа имаше неколку добри шанси за да го зголеми водството, но за вториот погодок се чекаше дури до 72. минута.

Дани Алвес го проигра Меси, кој одлично се снајде и од пет метри ја затресе мрежата на гостите.

Кога се чинеше дека Аргентинецот го реши победникот, Карлос Вела во 74. минута го намали водството на 2-1, и ја врати надежта кај гостите дека можат да обезбедат позитивен резултат.

Но тоа беше се што направија фудбалерите на Реал Сосиедад, и на крајот мораа да се помират со поразот.

Средбата на Камп Ноу ја одбележа и повредата на Серхио Бускетс, кој влезе во второто полувреме, но по само седум минути поминати на теренот мораше да биде изнесен на носилки.

 Сеуште нема информации за типот на повредата, но според тоа какви беа лицата на Фабрегас и Гвардиола, како и болната гримаса на самиот Бускетс, се чини дека се работи за нешто сериозно.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...