Monday, 06 February 2012 14:58 Фудбал

Англија | ’Сините’ имаа предност од 3-0 но ’Црвените Ѓаволи’ направија извонреден кам-бек и обезбедија бод од гостувањето на Стемфорд Бриџ...


Актуелниот шампион на Англија има лоша традиција кога се во прашање гостувањата на Стемфорд Бриџ, каде што нема победа 10 години во Премиерлигата.

Ваквата лоша статистика ќе остане и по овој натпревар, но избраниците на Сер Алекс Фергусон можат да бидат задоволни од она што го прикажаа на денешниот натпревар.

Челзи поведе во 36. минута со автоголот на Еванс, кој несреќно ја смести топката во својата мрежа при обидот на Стариџ да проигра некој од своите соиграчи во петерецот на Јунајтед.

На стартот од второто полувреме, домакините ја зголемија предноста со прекрасниот волеј удар на Мата, а во 50. минута Челзи веќе имаше предност од 3-0 преку погодокот на Луиз.

И кога се чинеше дека ’Сините’ ќе се радуваат на три бода, избраниците на Сер Алекс Фергусон направија фантастичен кам-бек.

Во 58. минута од средбата Руни намали на 3-1 по прецизно изведениот пенал, откако во шеснаесетникот на Челзи фаулиран беше Евра.

Десетина минути подоцна, Руни однво прецизно стрелаше од белата точка, по најстрогата казна што ја досуди Хауард Веб за прекршкот над Велбек.

Изедначувањето пристигна во 84. минута, откако Ернандез се најде осамен во петерецот, и со глава го совлада Чех за 3-3.

До крајот на средбата шанси за погодок имаа и фудбалерите на Челзи и фудбалерите на Манчестер Јунајтед.  Но Чех, и особено Де Геа, беа на висината на задачата, па двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.

На првиот денешен натпревар, Њукасл со 2-1 славеше во дуелот со Астон Вила.

Повратникот во тимот на Њукасл, Демба Ба го отвори резултатот по половина час игра, но во финишот на првото полувреме, Роби Кин изедначи на 1-1.

Трите бода за ’Чавките’ ги обезбеди новото засилување Папис Сисе, кој во 71. минута, на своето деби во дресот на Њукасл, се запиша во листата на стрелците и донесе три бода за домашниот тим.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...