Monday, 06 February 2012 14:49 Фудбал

Шпанија | Од таборот на Барселона велат дека во овој момент не се заинтересирани за Робин ван Перси и Герет Бејл од Тотенхем...

Се говореше дека актуелниот шампион на Шпанија во летниот трансфер период би можел да се засили со Робин ван Перси и Герет Бејл.

Ван Перси е под договр со Арсенал до 2013, па медиумите често шпекулираат за долгорочната иднина на Холанѓанецот на Емирати Стадионот.

Но потпретседателот за спорт на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу негира дека тие стапиле во контакт со Арсенал.

“Ништо не постои кога е во прашање Робин ван Перси.” – рече Бартомеу за Sport. “Тоа се само шпекулации кои се појавуваат во весниците. Не сме стапиле во контакт ниту со Арсенал, ниту со неговиот агент.”

“Во моментов ние се фокусираме на нашата сезона, и не сакаме вниманието да ни го одвлекува трансфер пазарот.”

Медиумите исто така шпекулираат дека Барселона е подготвена да потроши мало богатство за ангажман на Герет Бејл.

Се шпекулираше дека скаути на Каталонците во неколку наврати ја следеле играта на Велшанецот, а се говореше и дека спортскиот директор Андони Зубизарета бил во Лондон лично да се увери во квалитетот на фудбалерот и да оствари првичен контакт со Тотенхем.

Но Зубизарета во разговор за El Mundo Deportivo го негира ова.

“Не е точно дека сум бил во Лондон да преговарам со некого, и во неколку наврати кажав дека 90% од фудбалерите што би можеле да ги ангажираме се веќе во нашата академија.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...