Saturday, 04 February 2012 16:15 Фудбал

Англија | Андре Вилаш Боаш е свесен дека неговиот поранешен ментор Жозе Мурињо е потенцијална закана за неговата позиција во Челзи...


Чести се шпекулациите кои го поврзуваат Жозе Мурињо со враќање во Премиер лигата, последните вести велат дека тој би можел да се врати во Челзи.
 
Андре Вилаш Боаш многу добро ги познава квалитетите на Мурињо, тој му беше помошник во Челзи, Интер и Порто.
 
Сегашниот менаџер на Челзи вели дека сите клубови го посакуваат Жозе Мурињо и тој е потенцијална закана за работата на сите менаџери.
 
"Во моментов не постои слободно работно место во овој клуб, тоа е најважната работа. И тренерот на Реал Мадрид не е слободен во овој момент. Тој работи во најдобриот клуб во светот" - вели Андре Вилаш Боаш.
 
"Единствено што можам да кажам е дека знам колку клубовите се интересираат за него, бидејќи тоа го почувствував кога заминувавме од Челзи, и ние знаеме, јас знам колку многу клубови дојдоа и тропнаа на нашата врата".
 
"Па, менаџер од калиброт на Жозе, кој е број еден во светот, секогаш ќе биде атрактивна цел за било кој клуб".
 
"Бидејќи тој кажа дека еден ден би сакал да се врати во Англија, сигурно дека за неговите услуги ќе постои интерес од Сити, Јунајтед, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Арсенал...".
 
"Па според тоа сите ние сме под притисок, од Роберто Манчини до Сер Алекс Фергусон, од мене до Далглиш, Хари Реднап итн".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...