Wednesday, 04 January 2012 10:44 Фудбал

Реал Мадрид со пресврт во второто полувреме ја победи Малага во првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Шпанија...


Реал Мадрид се изнамачи за да дојде до победа против Малага во првиот 1/8 финален натпревар од Кралскиот Куп.
 
Кралевите имаа негатива од 2-0 по првото полувреме, но успеаа да се вратат, да направат комплетен пресврт и да победат со 3-2.
 
По еден корнер во 10. минута, Серхио Санчез со глава постигна гол за водство на Малага од 1-0.
 
Нов студен туш на Сантијаго Бернабеу се случи во 29. минута кога Демикелис зголеми на 2-0, за веќе сериозно водство на гостите.
 
Ван Нистелрој кој беше стартер на овој натпревар за Малага, го напушти теренот во 60. минута при што со бурен аплауз беше испратен од своите поранешни навивачи.
 
Реал Мадрид вршеше постојан притисок врз голот на Кабалеро, конечно во 68. минута погодија и намалија на 2-1, Кедира беше стрелец на голот.
 
Само две минути подоцна, Игуаин искористи една катастрофална грешка на домашната одбрана и го израмни резултатот на 2-2.
 
На 12 минути до крајот, Бензема постигна гол за победа на Реал Мадрид од 3-2.
 
Во останатите денешни натпревари од Купот на Шпанија, Албасете и Атлетик Билбао одиграа без голови, Алкоркон со 2-1 го победи Леванте, Мирандес со 2-0 славеше над Сантандер.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...