Friday, 30 December 2011 10:11 Фудбал

Прекумерната тежина му создаваше проблеми на Адриано на фудбалските терени...


Императорот беше инволвиран во инцидент со пукање, во кој случајно беше застрелана 20 годишната Адријана Пинто.

Жртвата посочи дека Адриано го држел пиштолот, а фудбалерот ги отфрли ваквите обвинувања, и истакна дека самата девојка се застрелала во раката.

Тројца експерти од полицијата, по инцидентот извршиле инспекција на автомобилот во кој се случи инцидентот, и востановиле дека пукањето се случило на задното седиште.

Адриано се правдаеше дека тој седел на со-возачкото седиште, додека девојката изјави дека фудбалерот седел на задното седиште.

Вчера полицијата направи реконструкција на целиот случај, за да се утврди кој ја зборува вистината и прекумерната тежина за прв пат му помогна на Адриано.

За време на реконструкцијата на инцидентот, Адриано во поголемиот дел од времето седел на со-возачкото седиште.

Подоцна полицајците побарале фудбалерот да седне на задното седиште, но кога Адри го сторил тоа, вратата не можеле да се затвори, со што станало јасно дека ’Императорот’ седел на со-возачкото седиште.

Во меѓувреме, медиумите од Бразил пренесуваат дека Адријана Пинто ја променила својата првична изјава, и со солзи во очите на инспекторите им признала дека таа го држела пиштолот во моментите кога тој случајно испукал и ја погодил во рака.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...