ТОП ВИДЕО |
Thursday, 22 December 2011 13:01
Фудбал
Сер Алекс Фергусон се соочува со нови проблеми, откако на дуелот со Фулам повреди заработија Фил Џонс и Ешли Јанг.
Фил Џонс заработи повреда на вилицата, откако доби лакт во лицето при еден воздушен дуел со Клинт Демпси. Дефанзивецот беше заменет со Ешли Јанг, кој подоцна исто така мораше пред време да го напушти теренот, по еден старт на Етуху. Врз Фил Џонс сега ќе бидат спроведени серија тестови за да се утврди точната повреда, а некои извештаи велат дека англискиот репрезентативец би можел да паузира и до шест недели. “Џонс ќе мора да направи ренгенски снимки.” – рече Сер Алекс по крајот на натпреварот. “Доби удар во вилицата. Демпси се послужи со лактот, но мислам дека немаше намера во стартот.” Шкотот не можеше да кажe каква е повредата на Ешли Јанг, но стратегот очекува фудбалерот да паузира помеѓу две и три недели. “Фулам одигра многу агресивно, и Ешли Јанг ја плати цената за тоа. Ќе паузира помеѓу две и три недели.” Рио Фердиднат не настапи на Кревин Котиџ, а дефанзивецот ќе го пропушти и дуелот со Виган на ’Боксинг Деј’. “Рио доби удар во стапалотo на средбата со КПР во неделата. Мислам дека ќе биде подготвен за дуелот со Блекбурн, но ќе ја пропушти средбата со Виган.” За победата од 5-0 над Фулам, Ферги рече: “Мислам дека ова беа нашите најдобри перформанси оваа сезона, особено во првото полувреме кога игравме одлично.” “Кревин Котиџ е незгодно гостување. Изминатите три сезони тука освоивме само еден бод од девет можни. Ова доволно говори за тежината на средбата.” “Но сега успеавме да прикажеме извонредна партија.” Powered by: 24 FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















