ВИЦ

Мујо му се жали на докторот дека не може да стаса да ги направи сите работи околу домот. После прегледот, Мујо го прашува докторот:
- Ве молам, објаснете ми со прости зборови, што ми фали?
- Па, просто кажано, вие сте мрзелив.
- Во ред, сега кажете ми го тоа на латински да знам да и кажам на Фата.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Monday, 19 December 2011 07:25 Фудбал

Манчестер Сити стигна до мининална победа од 1-0 во дуелот со Арсенал, и остана на лидерската позиција во Премиерлигата...


Манчестер Јунајтед неколку часа беше на првата позиција и пред својот градски ривал, откако попладнево ’Црвените Ѓаволи’ победија со 2-0 на гостувањето кај КПР.

Вејн Руни уште во првата минута од средбата на Лофтус Роуд, по асистенција на Антонио Валенсија ги донесе гостите во водство од 1-0.

Натпреварот беше решен во второто полувреме, кога Мајкл Керик украде една топка од Џои Бартон, претрча околу 50 метри и од врвот на шеснаесетникот упати прецизен удар за водство на Манчестер Јунајтед од 2-0.

Но вечерва, Манчестер Сити пред своите фанови славеше со 1-0 во дерби пресметката со Арсенал, па ’Ѓраѓаните’ се вратија на лидерската позиција на табелата.

Двете екипи играа отворен фудбал, па средбата на Етихад Стадионот беше мошне возбудлива.

Во првото полувреме добри шанси за погодок имаа Серхио Агуеро и Марио Балотели а на спротивната страна Жервињо можеше на Арсенал да му донесе водство.

Резултатот беше отворен во 53. минута. Насри упати одлична длабочинска топка за Балотели, кој продре во шеснесетникот и биеше силно, а Шчезни само кратко ја изби топката. Дефанзивците на Арсенал не успеаа да ја расчистат топката, па Силва од неколку метри со глава ја затресе мрежата на ’Топџиите’.

Домакините потоа имаа уште неколку прилики за втор погодок, но избраниците на Роберто Манчини не можеа одново да го најдат патот до мрежата на Арсенал.

Во финишот од средбата тоа можеше скапо да ги чини, но Џо Харт беше присебен и успеа да го одбрани силниот удар на Вермален.

Дефанзивецот на Арсенал во судиското продолжение се закани уште еднаш, но неговиот удар заврши неколку сантиметри покрај стативата.

Тотенхем го искористи киксот на Челзи за одново да се врати на третата позиција. ’Спарси’ потешко од очекувањата, пред своите фанови, стигнаа до минимална победа од 1-0 над Сандерленд.

Стрелец на единствениот погодок беше Роман Павличенко во 61. минута, откако рускиот репрезентативец доби одлична топка од Рафаел ван дер Варт.

Ливерпул продолжи да се искачува на табелата, по лесната победа на гостувањето кај Астон Вила.

Средбата беше решена за само четири минути, откако најпрво Крек Белами најдобро се снајде во една мешаница и  го отвори резултатот во 11. минута, а Мартин Шкртел во 15. минута беше највисок во скокот по корнерот од левата страна и зголеми на 2-0.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...