ТОП ВИДЕО |
Thursday, 15 December 2011 14:18
Фудбал
Барселона со убедливи 4-0 го совлада Ал Сад и сосема очекувано обезбеди пласман во финалето на Светското Клупско Првенство.
Барселона ја оправда улогата на голем фаворит во дуелот со Ал Сад, Каталонците со убедлива и сигурна игра во текот на сите 90 минути победија со 4-0, па му се приклучија на Сантос во финалето од Светското Клупско Првенство.
Натпреварот беше отворен во 25. минута од натпреварот кога Адриано искористи една грешка на дефанзивецот Белхаџ и ја затресе мрежата на Ал Сад за водство на Барса од 1-0.
Во 36. минута од натпреварот, Давид Виља заработи сериозна повреда поради која на носилки го напушти натпреварот, првичните прогнози се дека се работи за скршеница и тој се соочува со подолга пауза.
На две минути пред крајот на првото полувреме, Адриано повторно се запишува во листата на стрелците, овој пат по асистенција од Тиаго зголемува на 2-0.
Доминацијата на Барселона продолжи и во второто полувреме, во 64. минута по убаво додавање од Меси, Кеита постигнува гол за водство од 3-0.
Конечните 4-0 беа дело на Максвел во 81. минута од натпреварот, нова убава асистенција на Тиаго Алкантара.
Финалниот натпревар помеѓу Сантос и Барселона се игра во недела со почеток во 11:30.
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















