ВИЦ
Фата се жали на својот Мујо: ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 13 December 2011 09:06
Фудбал
Челзи со пресврт дојде до победа против Манчестер Сити на Стемфорд Бриџ нанесувајќи им го првиот пораз на Граѓаните во Премиер лигата.
Во 15. коло од Премиер лигата, Манчестер Сити го забележа првиот пораз, тимот на Роберто Манчини е поразен на Стемфорд Бриџ со 2-1.
Челзи конечно доби дерби натпревар во Премиер лигата, Сините го победија лидерот и ја прават трката за титулата во Премиер лигата многу поинтересна.
Натпреварот започна фантастично за Манчестер Сити, по само две минути игра, Марио Балотели постигнува погодок по убава асистенција од Агуеро, гостите водат со 1-0.
Манчестер Сити продолжи да доминира, Челзи на почетокот се мачеше да воспостави рамнотежа.
Но како одминуваше времето, Сините се ослободуваа од воведниот шок, па го префрлаа тежиштето на игра на страната на Манчестер Сити.
Во 34. минута одличен пробив на Стариџ по десната страна, убава асистенција до Меирелеш кој реализира за израмнување на 1-1.
Клучниот момент на натпреварот веројатно се случи во 58. минута, Гаел Клиши доби втор жолт картон, Сити остана со фудбалер помалку.
Манчестер Сити очекувана додаде на дефанзива, Челзи се обидуваше да ја искористи бројчаната надмоќ.
Во 81. минута по еден удар на Стариџ, Лескот играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка.
Лампард беше сигурен реализатор на најстрогата казна за комплетен пресврт и победа на Челзи од 2-1.
До крајот на натпреварот домаќините рутинирано ја држеа топката во свој посед, Сити беше немоќен да креира опасност кон голот на Чех.
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















