ВИЦ
Некој комшија сакал да го праша нешто комшијата Влав: ТОП ВИДЕО |
Thursday, 08 December 2011 08:07
Фудбал
Сер Алекс Фергусон побара од неговите избраници да ја искористат елиминацијата од Лигата на Шампионите како мотивација за идни успеси.
На ’Црвените Ѓаволи’ им беше потребен само бод на гостувањето кај Базал за пласман во нок-аут фазата. Но актуелниот шампион на Швајцарија направи големо изненадување, победи со 2-1, и го елиминираше Манчестер Јунајтед од Лигата на Шампионите. “Секако дека сме разочарани.” – рече Сер Алекс Фергусон по крајот на натпреварот. “Не можете да се чувствувате поинаку.” “Ова е дел од фудбалот. Потребно е да се справите со овие разочарувања, и клубот многу пати го користел ова како мотивација.” “Овие млади фудбалери вечерва ќе бидат разочарани, но потребно е да го надминат тоа и да продолжат со своите кариери.” “Нашите резултати во последните неколку години беа извонредни. Ова е наша загуба, бидејќи ова е најдоброто натпреварување во светот, се работи за прекрасно натпреварување.” Шкотот потоа додаде: “Не започнавме најдобро. Тие постигнаа погодок преку првиот вистински напад.” “Кога играте на гости и губите со 1-0, се соочувате со тешка задача. Креиравме шанси, но не ги искористивме.” Ферги за прв пат ќе се најде со Манчестер Јунајтед во Лига Европа, и настапот во најмасовното Европско натпреварување ќе придонесе ’Црвените Ѓаволи’ често да ги играат во недела своите дуели од Премиерлигата. “Никогаш не сум бил со Јунајтед во ова натпреварување. Ќе имаме многу натпревари во недела, и тоа не е идеално.” “Но тоа е цената што треба да ја платиме поради неуспехот да обезбедиме пласман во нок-аут фазата.” Powered by: 24 FUDBAL.com.mk
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















