Wednesday, 07 December 2011 11:03 Фудбал

Челзи убедливо со 3-0 ја совлада Валенсија и по нерешениот резултат на Леверкузен кај Генк, го освои првото место во групата Е...


Челзи ја доби директната пресметка со Валенсија на Стемфорд Бриџ, Сините триумфираа убедливо со 3-0 и откако Леверкузен не успеа да слави кај Генк, го освоија првото место во Групата Е.
 
Челзи дојде во водство по само три минути игра, Хуан Мата асистира до Дрогба кој одлично се снајде и ја смести топката во мрежата на Алвес.
 
Валенсија веќе во следниот имаше голема шанса да го израмни резултатот, Жорди Алба ја погоди стативата од голот на Чех.
 
Раниот гол на Челзи беше клучен за понатамошниот тек на натпреварот, домаќините се затворија препуштајќи ја иницијативата на Валенсија.
 
Во 10. минута Албелда испрати прекрасен шут од далечина, Чех одлично интервенираше.
 
Течеше 22. минута кога Дрогба асистира до Рамирез кој го надмудри Виктор Руиз, лоша интервенција на дефанзивецот на Валенсија, Челзи зголемува на 2-0.
 
Во продолжението Валенсија се мачеше да ја разбие одбраната на Челзи кој одлично го чуваше сигурното водство.
 
Сите дилеми околу победникот беа решени во 76. минута кога Мата убаво асистира до Дрогба кој постигнува нов гол за конечни Челзи - Валенсија 3:0.
 
Леверкузен бркаше победа за прво место на гостувањето кај Генк, Германците одиграа 1-1 и како второпласирани продолжуваат во 1/8 финалето.
 
Домаќините поведоа со голот на Восен во 30. минута од натпреварот.
 
Дердијок во 79. минута реализира за израмнување на 1-1 и надеж дека Леверкузен може да направи комплетен пресврт, но тоа не се случи.
 
На конечната табела во Групата Е, Челзи е прв со 11 бода, Леверкузен втор со 10, Валенсија има 8 и продолжува во Лига Европа, Генк е последен со 3.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...