Tuesday, 29 November 2011 09:39 Фудбал

Селекторот на македонската репрезентација, Џон Тошак како и целиот фудбалски свет е шокиран од веста за смртта на неговиот сонародник Гери Спид.


"Како и целиот фудбалски свет и јас бев занемен од вестa за смртта на Гери Спид, селекторот на фудбалската репрезентација на Велс. Ги испраќам моите сочуства и симпатии кон фамилијата на Гери Спид, Фудбалската асоцијација на Велс како и целокупната фудбалска јавност" - стои во соопштението на Џон Тошак.
 
"Јас заедно со претседателот и генералниот секретар на ФФМ, како и Гери Спид бевме присутни на состанокот во Брисел за договор за распоредот на натпреварите од нашата група и имавме многу добра и конструктивна соработка за време на истиот. За време на ручекот, по состанокот долго разговаравме за состојбата и перспективите во велшката репрезентација и морам да кажам дека не видов никаков знак кој би навестил ваков развој на настаните. Бев многу шокиран кога дознав за неговата трагична смрт".
 
"Гери Спид никогаш не играл за мене, ниту во клуб ниту во репрезентацијата на Велс, но морам да кажам дека неговата фудбалска кариера е извонредна а неговата тренерска допрва требаше да биде таква. Ова е многу голема загуба најнапред за неговото семејство, потоа за Фудбалската асоцијација на Велс како и за неговите фанови".
 
"Уште еднаш ги изразувам моите најдлабоки симпатии и сочуства кон неговата фамилија, ФА на Велс и неговите навивачи".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk
Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...