Wednesday, 23 November 2011 11:52 Фудбал

Лига на Шампиони | Со поразот од Наполи, не умре и надежта кај Роберто Манчини дека Манчестер Сити може да се пласира во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите...


Поразот во Неапол значително ги намали шансите на Манчестер Сити за пласман во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите.
 
Манчестер Сити мора да го победи Баерн Минхен во последното коло, а Наполи да не ги освои трите бода на гостувањето кај Виљареал.
 
Роберто Манчини верува во вакво сценарио.
 
"Имаме уште еден натпревар, а Виљареал може да го победи Наполи" - изјави Манчини за Sky Sports.
 
"За прв пат играме во Лигата на Шампионите, но не мислам дека Виљареал ќе загуби уште еден натпревар, можат да победат или да одиграат нерешено, зошто да не?".
 
"Ништо не е завршено, никогаш не вели никогаш".
 
"Не заслуживме да го загубиме натпреварот во Неапол, мислам дека на секој натпревар имаме шанси да постигнеме три или четири гола. Го сакавме тоа бидејќи тоа е нашиот менталитет".
 
"По израмнувањето, имавме уште две шанси да направиме пресврт, потоа примивме гол".
 
"Повторно имавме шанси да реализираме, но нивниот голман беше фантастичен, одбрани 3-4 наши шанси. Но доколку загубите, веројатно сте направиле грешки".
 
"Примивме два глупави гола, знаевме дека Кавани оди на прва статива. Кавани е добар фудбалер, добар напаѓач, постигнува голови и работи за тимот".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...